Се огласи Агелер: Тимот за санкции од Вашингтон е во Македонија, ќе казнува поранешни и актуелни корумпирани политичари!

t

Пред малку на Твитер се огласи амбасадорката на САД во Макеоднија, Анџела П. Агелер која најави дека тимот за санкции од Вашингтон агресивно ќе разгледува поранешни и актуелни корумпирани политичари.

-Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот.

Во текот на вчерашниот ден Агелер се приклучи на видео-конференцијата со премиерот Ковачевски и заменик-секретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД.

-Амбасадорката Агелер се приклучи на видео-конференцијата со премиерот Ковачевски и заменик-секретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД Брајан Нелсон. Тие разговараа за соработката меѓу нашите земји со фокус на борбата против корупцијата, перењето пари и малигните влијанија.

Претходно заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар најави дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот и да се тргнат од одговорните позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…