Се огласи адвокатот на директорката од Демир Хисар – еве што вели по насилството од полицијата врз неговата клиентка

t

Почитувани, со оглед на јавниот интерес кој го покажавте во врска со начинот на постапување на овластените службени лица при Министерството за внатрешни работи во извршување на наредбата на Судијата на претходна постапка при Основен суд Битола за вршење на претрес во домот на Директорот на СОУ„Крсте Петков Мисирков„ О.Демир Хисар, Ве известуваме дека:

На ден 12.08.2025 година во 09,30 часот заедно со Директорот на училиштето најпрвин ќе се јавиме на поканата за информативен разговор со директорот на училиштето во просториите на МВР-ОВР Демир Хисар, од каде по завршување на информативниот разговор ќе биде побарано од началникот на ОВР Демир Хисар во негово присуство да се пристапи во училиштето со цел да се констатира кој обил во просториите на училиштето на ден 08.08.2025 година, а воедно и да се расчистат спорните прашања околу законитоста во постапката за да се издејствува наредбата за претрес, односно да се потврди врз основа на чија пријава и врз основа на какви докази ОВР Демир Хисар го сторило веројатен основот за сомневање за сторено кривично дело пред ОЈО Битола врз основа на кој била издадена наредбата за претрес.

Со оглед на тоа Ве покануваме за Ваше присуство пред ОВР Демир Хисар во 09,30 часот а потоа и во просториите на СОУ „Крсте Петков Мисирков„ Општина Демир Хисар, каде можете да добиете целосни и детални информации поврзани со предизборниот обид за разрешување на директорот од страна на Градоначалникот на Општина Демир Хисар.

Од свое име и од име на мојот клиент Ви благодарам за пројавениот интерес во заштита на основните човекови права.

Со почит,

Адвокат Жарко Стеваноски од Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи адвокатот на директорката од Демир…

Почитувани, со оглед на јавниот интерес кој…

(Видео) Свирепо убиство во Тетово со автоматска…

Едно лице е убиено откако беше нападнато…

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за…

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување…

Убиство во Тетово!

Во Тетово денес се случи убиство, при…

АМСМ: На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…