Се огласи Академик Абази: МАНУ е една и единствена Академија за сите!
Имаме една Академија за сите, порачува академик Алајдин Абази, кој е актуелен потпретседател на МАНУ, по најавата на коалицијата „Вреди“ за формирање „Албанска академија на науки и уметности“ во Македонија.
Академик Алајдин Абази, кој е еден од двајцата актуелни потпретседатели на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во изјава за ТВ24 вели дека не може да има две национални академии на науки и уметности.„Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, не може општините да ја финансираат академијата како што се предлага. Имаме една Академија за сите“, вели академик Абази.
Ова е уште една од низата реакции на академици, политички партии, институции и поединци по најавата на коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат „Албанска академија на науки и уметности“ што прво ќе биде финансирана од општински буџет, а потоа ќе работат на нејзино финансирање од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Академик Абази: МАНУ е една…
Имаме една Академија за сите, порачува академик…
ДОМ: Формирање на Албанска Академија на науките…
Ставот на ДОМ е дека иницијативата на…
(Видео) Таравари: Доколку МАНУ не внесе Албанци…
МАНУ е друштво во коешто примаат само…
Почина академик Јордан Поп-Јорданов
На 98-годишна возраст вчера почина академик Јордан…
Поради ниски плати ќе штрајкуваат вработени во…
Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија…