Се огласи Бучковски по разрешувањето

t

Владата на денешната седница го разрешила Владо Бучковски од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот. Разрешувањето на Бучковски поминало на седницата како дел од точката „кадровски решенија“. Бучковски ја потврди ваквата, засега неофицијална информација

Со новиот пристап на преговори, МНР на двете држави и петте работни групи ќе ги водат преговорите. Премиерот Заев и мандатарот Ковачевски ме информираа вчера за новиот пристап, соопшти за „Локално“ професорот Владо Бучковски.

Владата на Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји.

Бучковски во изјава за Локално на почетокот на годинава соопшти дека очекува 2022 година да се реши спорот меѓу двете земји и Македонија да започне преговори за челнство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отиде jaбана: Владата го paзpeши Бучковски

Владата на денешната седница го разреши поранешниот…

Бучковски е убеден дека Бугарија ќе ја…

Специјалниот пратеник на македонската влада за решавање…