Се огласи и градоначалникот на Скопје по лажната вест за чантата на неговата сопруга: Прво мета беше мојот син, а сега и мојата сопруга
СДС, ташната не е реалност, ама златните визи и зградите во Дубаи и Козле, се!
СДС повторно докажа дека нема ден без сопствено „лизгање“. Очигледно, тоа им е последната преостаната дисциплина. Во обид да привлечат внимание и барем накратко да го прикријат политичкиот дебакл во кој се наоѓаат, повторно пуштаат лажни вести кои се нивен заштитен знак, стара навика и очајнички обид да останат релевантни.
Сето ова можеби ќе беше само уште една евтина манипулација, доколку не продолжија по најниската можна линија, а тоа е мешање на моето семејство.
Истата матрица ја гледавме и за време на кампањата, кога мета на анонимни и нереализирани ботови беше мојот син.
Денес, без срам и без граници, ја продолжија приказната преку мојата сопруга.
Во своето соопштение тврдат дека на вчерашната промоција на отчетот за 100 дена од сработеното таа носела чанта од „луксузен бренд“. Очигледно заборавиле дека денес сè е проверливо и дека граѓаните одамна не се наивни. И, удрија во ѕид. Повторно.
Фактите се едноставни и кристално јасни, чантата што ја носи мојата сопруга чини 944 денари купена од македонска продавница. Не 30.000 евра.
Туку 944 денари.
Толку од нивната сензација и „ексклузива“.
Кога не можат да најдат ниту една сериозна замерка за работата на Скопје, кога гледаат дека градот повторно се исправува на нозе и дека резултатите се видливи, тогаш се служат со вакви лаги. Со ниски удари, со фабрикувани приказни и со напади врз семејството, затоа што политика и аргументи одамна немаат.
Јас нема да паѓам на нивното ниво и да потсетувам во какви луксузи живеат семејствата на нивните челници и функционери.
Нема да отворам теми за златни визи, за станови и згради во Дубаи, во Козле „подарени“ луксузни Q8-ци и слични симболи на нивната лажна скромност.
Ќе го задржам нивото на комуникација, иако јавноста многу добро знае кој како живее и од што.
За разлика од нив, јас водам скромен живот. Живеам во стан.
Возам сопствен автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку. И мојот народ тоа го знае.
Јас ќе продолжам да работам за моите скопјани. Секој ден и секоја ноќ. Беспоштедно. А тие нека тонат во сопствената мизерија и во лагите со кои со години се обидуваат да опстанат.
Барам јавно извинување од СДС во рок од 24 часа, објавено на истата Фејсбук-страница каде што ја пласираа лажната вест, како и во медиумите.
Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство.
Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации. Времето на валкани игри, завршува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи и градоначалникот на Скопје по…
СДС, ташната не е реалност, ама златните…
Орбан: Украинците го дигнаа во воздух „Северен…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украинците…
Oд 300 до 3.770 евра за квадрат:…
Пазарот на недвижности во втората половина од…
Нов закон за помилување е неопходен, сегашниот…
Помилувањето не смее да се темели исклучиво…
Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за…
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј…