Се огласи и КФОР – Подготвени сме да реагираме ако има потреба

t

Мисијата КФОР денеска соопшти дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, како и дека нејзините војници се присутни во областа и се подготвени да одговорат доколку е потребно.

Како што се наведува во соопштението доставено до Танјуг, „Косовската полиција“ има примарна одговорност за менаџирање на инцидентот на терен и додава дека командантот на мисијата е во близок и постојан контакт со сите меѓународни инстанци, вклучително и ЕУ, началникот на штабот на вооружените сили на Србија и институциите во Приштина, како и интензивно работи на изнаоѓање решение.

„Мисијата КФОР предводена од НАТО силно го осудува нападот врз косовската полиција и упатува најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…