Се огласи и Џафери: Случајот со Онкологија не смее да помине неказнето

t

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека случајот со Клиниката за онкологија не смее да помине неказнето и дека верува дека судската власт ќе ја потврди довербата која ѝ е делегирана.

-Последната вест со Клиниката за онкологија е потврда за девијација и губење на хуманоста помеѓу нас. Не смееме да бидеме слепи и глуви, не смее ова да помине неказнето. Верувам дека судската власт ќе ја потврди довербата што и е делегирана од сите нас, изјави Џафери.

Тој во своето обраќање за Денот на независноста рече дека е време да се радуваме на убави и позитивни вести.

-За тоа да биде така крајно време е сите да бидеме одговорни, со бистар поглед и јасна визија за иднината која не смее да им друг правец освен тој на владеење на правото почитување на правата и обврските на сите граѓани на Република Македонија која е заеднички дом на сите, да ја чуваме да ја развиваме и унапредиме за нас за нашите граѓани и за сите идни генерации, кои својата иднина ја гледаат таму каде што природно и припаѓаат во Република Македонија полноправна членка на НАТО и ЕУ, изјави Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…