Се огласи Старџен по апсењето: Со сигурност знам дека не сум виновна!
Поранешната премиерка на Шкотска, Никола Старџен беше уапсена како дел од истрагата за финансиите на нејзината Шкотска национална партија, а по сослушувањето беше ослободена без обвинение.
Поранешната премиерка, која до неодамна беше и шеф на Шкотската национална партија (СНП), беше пуштена од притвор откако даде изјава пред детективите кои го истражуваа случајот.
Сопругот на Старџен, Питер Мурел, кој имаше висока позиција во партијата, претходно беше уапсен, заедно со партискиот благајник Колин Бити.
Двајцата беа ослободени по давање исказ.
Шкотската полиција ги приведе во рамките на акцијата „Branchform“, која беше покрената во 2021 година, јавуваат британските медиуми.
Долготрајната истрага е за трошење на околу 600.000 фунти собрани од поддржувачите на партијата за кампања за независност на Шкотска.
Полицијата претходно изврши претрес во просториите на СНП и во куќата на Старџен и Марел. Запленето е и камперско комбе вредно околу 100.000 фунти, кое се наоѓало пред куќата на мајката на Марел.
Од СНП соопштија дека целосно соработуваат со полицијата.
Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен изјави вечерва дека била шокирана и под голем стрес кога била уапсена и ослободена претходно во текот на денот, додавајќи дека е невина за истрагата за финансиски малверзации на Шкотската народна партија (СНП).
Знам дека оваа истрага е тешка за луѓето и благодарна сум што толку многу продолжија да покажуваат верба во мене“. Го ценам тоа, никогаш не би направила ништо за да ѝ наштетам на СНП или на државата. Очигледно, со оглед на целиот овој процес, не можам да навлегувам во детали. Сепак, сакам да го кажам ова – јас сум невина, ништо не криев“, напиша Старџен на Твитер.
Таа додаде дека невиноста не е презумпција и дека е должна да го почитува законот.
Без никаков сомнеж знам дека сум невина, ништо незаконски не сум направила“, додаде таа.
Старџен рече дека планира да се врати во парламентот каде што ќе продолжи да ги претставува своите гласачи во јужен Глазгов „најдобро што може“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…