Се огласи Стејт Департментот за имплементацијата на „црните листи“ во домашното законодавство: Ги поддржуваме напорите на Македонија да бара одговорност од оние што ја злоупотребиле довербата на јавноста за лична корист

t

Соединетите Американски Држави (САД) силно ги поддржуваат напорите на С Македонија да бара одговорност од оние што ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист.

Ова е ставот на американскиот Стејт департмент во врска со иницијативата на македонските власти за санкционирање на домашните лица и субјекти кои се ставени на „црната листа“ на САД.

Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, од Стејт департментот велат дека ги поздравуваат и силно ги подджуваат сите напори за истрага на наводни коруптивни криминални активности. Воедно, оценуваат дека институционалните и законските реформи што ја зајакнуваат борбата против корупцијата и ја зголемуваат транспарентноста се добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на земјава.

Откако американската „црна листа“ минатата година се прошири со неколку имиња на бизнисмени, поранешни и актуелни функционери од земјава, сега се иницираат законски измени со кои се предлага токму листата на санкции на САД, но и онаа на Обединетото Кралство, да бидат основа за воведување на санкции на лица во земјава.

Измените во Законот за рестриктивни мерки, на предлог на Министерството за надворешни работи (МНР) неодамна беа усогласени од Владата и доставени до Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска објави „вознемирувачка содржина“: Вики и Азем…

*Објава на градоначалниќката на Град Скопје, Данела…

Кос доаѓа во Скопје на средба со…

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос ќе се…

Газдата на „Пулс“ платил глоба за да…

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата…

Радев со критики кон бугарската Влада: Кој…

Како одговор на прашање за писмото што…

Колева: Државата никогаш не била толку понижена…

Не гледаме ниту еден конкретен резултат од…