Објавено на:

Се огласи Џо Бајден: Смртта на Хасан Насрала е „мерка на правдата“

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, ја објави смртта на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, кој беше убиен од израелските сили во воздушен напад.

Бајден рече дека Насралах, заедно со терористичката група Хезболах, е одговорен за смртта на стотици Американци за време на четиридеценискиот терор, нагласувајќи дека неговата смрт претставува „мерка на правдата“ за неговите многубројни жртви, вклучително и американски, израелски и либански цивили.

Бајден посочи дека нападот се случил во поширок контекст на конфликтот што започна со масакрот од страна на Хамас на 7 октомври 2023 година, по што Насралах одлучи да отвори „северен фронт“ против Израел. Американскиот претседател ја повтори својата целосна поддршка за правото на Израел да се брани од Хезболах, Хамас и други терористички групи поддржани од Иран.

Во истата изјава, Бајден потврди дека му наредил на Пентагон да ја зајакне одбранбената положба на американските сили во регионот на Блискиот Исток за да спречи ескалација на конфликтот и да го намали ризикот од поширока регионална војна. Тој додаде дека САД преку дипломатски средства се обидуваат да ги деескалираат актуелните конфликти во Газа и Либан и работат на договор за прекин на огнот и враќање на луѓето во нивните домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Џо Бајден: Смртта на Хасан…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден,…

Блинкен: САД внимателно го проучуваат украинскиот „план…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен уште еднаш…

Браво! Лука Ангелов освои сребро за Македонија…

Таеквондо клубот Феникс оствари забележа голем успех…

Се чекаат анализи за труењето со храна…

Се чекаат резултатите од вонредната инспекција за…

Имињата на сите холандски полицајци се украдени…

Имињата на сите холандски полицајци се украдени…