Се одложи јавната седница во Апелација за убиството на Вања и Панче

t

Се одложи денешната јавна седница во Апелација на која требаше да се разгледаат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Причина за одложувањето е здравствената состојба на обвинетиот Боре Видевски, кој во моментот се наоѓа на болничко лекување.

На седницата требаше да се разгледуваат жалбите поднесени од Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за киднапирањата и свирепите убиства. Тие бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката пред Кривичниот суд.

Жалба има поднесено и Обвинителството, но во однос на ослободителната пресуда за таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…