Се одложува издржувањето на казната затвор за Стевчо Јакимовски
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, требаше на 2 јули да влезе во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари, но издржувањето на казната засега се одлага.
Јакимовски претходно побара одложување на издржувањето на затворската казна, поради здравствени причини.
Судијата за извршување санкции ја бара медицинската документација на Јакимовски, за да може да пресече.
-Судијата за извршување санкции по приемот на барањето веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања се уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука, велат од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…