Се откажа и Рустеми: Хајрулахи нема конкуренција за шеф на Вишото ЈО!
Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во скопското Вишо јавно обвинителство остана само еден, постојниот вршител на должност, Мустафа Хајрулахи.
Откако пред десетина дена се откажа обвинителката Фатиме Фетаи, барање за повлекување од изборот поднел вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, потврдува за „Призма“ претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски.
И Рустеми за „Призма“ кратко одговорил дека ја повлекол кандидатурата.
Ја повлеков кандидатурата затоа што сметам дека противкандидатот има поголеми шанси да биде избран за шеф на Вишото јавно Обвинителство“, вели Рустеми, кој претходно работеше во СЈО.
Со новонастанатата ситуација, останува единствено кандидатурата на Хајрулахи за нов предводник на Вишото обвинителство.