Се отповикува небезбеден сладолед на пазарот: АХВ вели да го вратите доколку сте го купиле!

t

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се отповикува производот сладолед во корнет „SUNDAY  CONES – VANILA & COKOLADA 6X720мл“, со сериски број/лот – TAA4D7.

Датум на производство и рок на употреба на производот е до 09.02.2025.

Причина за отповикување е прикриен вистинскиот рок на употреба со прилепен нов рок на употреба до 09.02.2025 година.

Во информацијата од АХВ стои дека производител на сладоледот е „DELTA ST HRVATSKA“, увозник во Македонија: „ТД ГАЈРЕТ СТРУГА“, како и дистрибутер преку „КИПЕР МАРКЕТИ“.

-Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот како погоре наведеното да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или нештетно да ги уништат, порачуваат од АХВ преку соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид и Струга вонредни инспекциски контроли…

Вонредни инспекциски контроли на АХВ во туристичките…

АХВ: 30 казни од 25.400 евра за…

Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден…

АХВ пред празници уништи 1.230 килограми различни…

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на…

АХВ: Се уништува 1980 килограми небезбедно замрзнато…

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и…

АХВ казни 23 угостители

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници,…