Се очекува пад на продажбата на компјутери, еве и зошто

t

Во текот на 2020-та и 2021-ва година, имаше голем интерес за компјутерски уреди и таблети, а значително влијание имаше и фактот што поголемиот дел од светот почна да работи од дома.

Затоа двата споменати индустриски сектори забележаа значителни зголемувања на продажбата, за кои никој не веруваше дека се можни. Но, по две исклучително силни години кога станува збор за побарувачката, сега се очекува пад на продажбата на компјутери и таблети.

Најновиот извештај на аналитичката компанија „IDC“ прогнозира дека глобалната испорака на традиционални компјутерски уреди ќе забележи пад од 12,8 проценти во текот на оваа година (на 305,3 милиони единици), додека пазарот на таблети ќе има пад од 6,8 проценти (на 156,8 милиони уреди).

Дополнителен пад се очекува во текот на 2023-та година, бидејќи побарувачката се намалува. Комбинираниот пазар на компјутери и таблети се предвидува да се намали за 2,6 отсто до 2023-та година, се вели во извештајот на „IDC“. Добрата вест е дека продажбата на компјутери и таблети ќе се стабилизира и ќе се врати на раст во 2024-та година, додека испораките во 2026-та година ќе ги надминат бројките од 2022-ра година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…