Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики

t

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ги усогласат договорите со одредбите на овој закон добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи до денот на влегување во сила на овој закон. Во спротивно, тие договори ќе станат ништовни.

Доколку рокот на склучен договор за снабдување на земјоделски и прехранбени производи завршува додека трае преодниот период, добавувачот и купувачот се должни новиот договор да го склучат согласно одредбите на овој Закон од причина што основот за трговски практики во деловното работење меѓу добавувач и купувач се одредбите во овој закон, велат од Министерството за економија и труд.

Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која ја контролира примената на одредбите од овој закон и поведува прекршочна постапка доколку се прекрши било која мандаторна одредба од Законот.

Прекршочна постапка се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и мора да заврши во рок од три месеци. Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Онаму каде што ќе се утврди дека се прекршени одредбите на Законот, се одредува казна односно висина на глоба, дефинирајќи го нејзиното ниво и рокови за плаќање. При изрекувањето на казните односно глоби, Комисијата за заштита на конкуренцијата ги зема предвид сите олеснителни и отежнувачки околности, како што се тежината, обемот и времетраењето на прекршокот и последиците што овој прекршок ги има врз добавувачите, прецизираат од Министерството за економија и труд.

Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, додаваат, Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.

Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец, истакнуваат од Министерството.

Како што нагласуваат, решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни.

Против решенијата може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението, велат од Министерството за економија и труд.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Од вторникот, пак, на сила е одлуката на Владата за ограничувања на профитната маржа до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа на листата на „есенската кошница“, што, пак, го контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Токму од ДПИ вчера информираа дека на првиот ден од контролата, кога се контролираа големите маркети, поради утврдени неправилности изречени се парични глоби во висина од околу 20 илјади евра. Вчера се контролираа бурекџилниците и малите маркети, а од денеска ќе се контролираат трговците на големо. Бруто профитната маржа во есенската кошница ќе биде ограничена до крајот на октомври, а со неа од Владата очекуваат да се намалат до 10 отсто цените на овие производи.

Вчера од опозициската СДСМ порачаа дека нема никаков ефект владината мерка за ограничување на маржите на дел прехранбените производи, а од ССМ, пак, сметаат дека мерката за намалени профитни маржи во „есенската кошница“ треба да трае најмалку три месеци за да има поголем ефект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи…

Од утре стапува на сила Законот за…

Ѓорѓе Давид открива: По сообраќајната несреќа Цеца…

Ѓорѓе Давид откри дека Светлана Цеца Ражнатовиќ…

Орбан од Охрид: Се формираат два блока,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од Охрид даде…

Политиката на санкции на ЕУ против Русија…

Унгарија верува дека политиката на санкции на…

Димитриеска Кочоска – Варга: Поддршка од Унгарија…

Унгарија е наш силен европски партнер во…