Се повеќе бездомници во Битола – Меѓу нив и шестмесечно бебе

t

Бројот на бездомници во Битола се зголемува, велат од Црвениот крст Битола. Меѓу нив има и шестмесечно бебе.

-Изминатите години имаше од 5 до 10 бездомници, но годинава бројката е 16, за жал со тенденција за зголемување. Сите се згрижени, имаме 4 малолетни деца, од кои едно е шестмесечно бебе, изјави д-р Лилјана Ристевска, претседател на Црвен крст Битола.

Напорите на Црвен крст и Општина Битола се секој кој има потреба да биде згрижен.

-Никој особено во овие временски услови не смее да биде на улица, без топол оброк и згрижен како што налагаат едни човечки услови, вели таа.

На бездомните лица им обезбедуваат целосно сместување и исхрана, како и грижа од волонтерските медицински тимови кои се грижат за нивното здравје. – Пишува Маја Богоевска за Сител мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…