Се поврзуваат Бугарија и Србија: Започна изградбата на гасоводот меѓу двете земји
Во присуство на премиерката Ана Брнабиќ денеска почна изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија, на делот од трасата низ Србија, од Ниш до државната граница кај Димитровград. Крајниот рок за завршување е октомври 2023 година.
Министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов, министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Емеануел Зиофре, директорот на Србијагас Душан Бајатовиќ, како и претставници на Југоросгас и „Булгартрансгас“ и „Европска инвестициска банка“, објави РТС.
Дел од гасната интерконекција во Србија ќе биде долг 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, а ќе биде проектиран за капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно.
Вкупната вредност на проектот е 85,5 милиони евра, од кои 25 милиони се заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 49,6 милиони евра се грантови од ИПА фондот на ЕУ, а останатите 11 милиони евра ќе се обезбедат од српскиот буџет и средства на „Србијагас“.
Договорот за финансирање на гасоводот во мај минатата година го потпишаа министерот за финансии Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ за Западен Балкан Лилјана Павлов. Мали тогаш изјави дека интерконекторот е исклучително важен за граѓаните на Србија и е еден од приоритетните проекти на ЕУ за енергетско поврзување на Централна и Источна Европа.
Гасоводот треба да и обезбеди на Србија доволни количества гас за потребите на стопанството и населението, од различни извори на снабдување.
Проектот за изградба на магистралниот гасовод МГ10 Ниш-Димитровград опфаќа поставување на две гасоводи со големина DN700 за притисок од 55 бари, како и четири мерно-регулациони станици со придружни објекти.
Завршувањето на гасоводот ќе овозможи развој на мрежа за дистрибуција на гас во централна, источна и јужна Србија. Според првичниот план, изградбата на гасоводот требаше да започне кон крајот на минатата година, а да биде пуштен во употреба во 2023 година.
Идејата за изградба на гасовод до Бугарија е стара речиси три децении, а договорот за негова изградба беше потпишан во 2010 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…