Се појавија “нови руски партизани”: Тврдат дека ќе се ослободат од диктатурата на Кремљ
Борби избувнаа долж руската граница со Украина на руска територија откако самонаречените руски партизански сили започнаа прекугранична рација и тврдат дека за првпат во војната заземале погранично село, пишува Гардијан.
Легијата на слободата на Русија, која се опишува себеси како милиција против Кремљ која сака да ја ослободи Русија од Владимир Путин, тврдеше дека ја преминала границата и ја заземала населбата Козинка, додека испраќа единици во градот Грејворон во рускиот регион Белгород.
Се уште не е јасно колку луѓе се повредени во борбите, кои продолжија до вечерта. Снимка од рацијата, наводно од граничниот контролен пункт во Грејворон, покажува жртви, вклучително и видео на руски офицер како лежи со лицето надолу во локва крв покрај руските пасоши и други документи расфрлани на подот. На видеото, исто така, се гледаат оклопни возила како да го прегазуваат граничниот столб.
Растечкиот хаос во регионот на Белгород, каде што локалните власти објавија „контратерористички режим“, беше редок случај кога руските села се соочија лице в лице со конфликтот што армијата на земјата го покрена низ Украина. И Русија и украинските власти потврдија дека има борби на границата.
Какво било заземање на територија не е независно потврдено од новинарите на теренот. Друга милиција против Кремљ, Рускиот волонтерски корпус, кој е предводен од истакнат руски националист, исто така рече дека учествувала во рацијата. Не е познато дека Легијата на Слободата на Русија досега учествувала во некои големи битки за време на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…