Се прават калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари, вели Бектеши
Струјата нема да поскапи. И од Нова година за граѓаните ќе биде со иста цена, а за малите фирми дури и поевтина.
Министерот за економија Бектеши и првиот човек на ЕСМ Ковачевски кои најавуваа мало поскапување, на крајот на иста линија со претседателот на Регулаторна Бислимовски, кој апелираше цената на струјата да не се зголемува. Растот на ДДВ од 5 на 10 проценти ќе биде едиствената корекција во сметките за струја.
По примерот на домаќинствата, и малите потрошувачи, односно компаниите кои со струја ги снабдува ЕВН од 1 јануари ќе плаќаат по блок тарифи. Според Ковачевски, со ова ќе се намалат манипулациите на компаниите, кои незаконски од отворен, се префрлаа на регулиран пазар на струја.
Ова доаѓа откако ЕСМ скратило дури 55 милиони евра непродуктивни трошоци, кои доколку немаше криза би се потрошиле во јавни набавки. Во исто време зголемено е домашното производство, засилено од вклучувањето на ТЕЦ Неготино, објаснува директорот на ЕСМ.
Сепак, неготинската електрана во моментов би произведувала поскапа струја од берзанската, па затоа е исклучена, а неместо неа, претходните две недели се купувало струја од увоз. Од друга страна, од 1 декември се очекува РЕК Битола да работи со полн капацитет. Трансформаторот кој е неопходен за да се пушти третиот блок е на пат од Турција кон Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…
Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…