СЕ ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Директорот си поднесува оставка поради морални причини по низата трагедии во битолската болница
Директорот на битолската болница, д-р Александар Обедниковски, утре ќе поднесе оставка од функцијата, објави вечерва телевизија ТЕЛМА. За телевизијата тој потврди дека утре ќе ја депонира оставката од морални причини.
Неговата оставка се случува по смртта на новороденчето, кои почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.
Претходно, кон крајот на март шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија.
Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.
Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година а како специјалист ортопед работи таму од 2014-тата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…