„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

t

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања.

Според официјалните информации, повредени се тројца мажи и две жени, а пукањето се случило во угостителски објект.

Сите се хоспитализирани. Сведок на настанот во изјава за „Нова.рс“ рекол дека напаѓачите го опколиле кафулето и дека, во моментот кога отвориле оган, настанал општ хаос, бидејќи на улицата се нашле неколку минувачи. Сведокот, со кого новинарот разговарал на лице место, рекол дека сè се случило околу 14:30 часот, кога излегол да земе нешто од автомобилот. „Одеднаш слушнав пукање. На почетокот не знаев што се случува, но кога видов, се сокрив. Се пукаше од повеќе страни, трчаа оддолу и од оваа страна, близу кафулето. Имаше луѓе на улица и на автобуската станица, сите избегаа“, рекол соговорникот. „Имаше седум или осум истрели, беа поединечни.“ Сепак, рекол дека не знае што би можел да биде мотивот за ова пукање. „Сите ние што живееме во близина седиме овде. Тука има и детска игротека, за време на викенд има многу деца. Немало проблеми од отворањето,“ додал сведокот. Голем број полициски службеници се на местото на настанот и потрагата по напаѓачите е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се…

Пет лица се повредени во пукање што…

„Навечер, кога сме сами, како преживуваме и…

Андреј Стојанов е убавото, харизматично и воспитано…

Еве зошто Крис Павловски не инвестираше: Според…

Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално…

Толку од миротворецот Трамп – Хегсет до…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа…

Мицкоски: За да бидете патриоти правете деца

Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок…