Се работи на нов закон за платите на функционерите

t

Како коментир на и натаму неповолните реакциите во јавноста откако со одлука на Уставниот суд функционерските плати скокнаа до 87 отсто зголемување, премиерот Димитар Ковачевски повторно изјави дека Владата работи на подготовка на закон за плати во јавниот сектор, со којшто, нагласува, ќе се стави конзистентност и ред во исплатата на платите во државата. Тој денеска не одговори конкретно на прашањето дали до Јавното обвинителство е испратен договорот за коридорите и кога пратениците ќе бидат запознати со неговата тајна содржина.

Премиерот во врска со растот на функционерските плати по одлуката на Уставниот суд уверуваше дека и пред неа, укажал дека треба да има закон за плати.

Врз основа на сите инпути од институциите законот ќе биде ставен на јавна расправа, како и на ЕНЕР, а мислам дека веќе е подготвена и првична верзија по која низ собраниска процедура ќе треба да се изјаснат сите политички партии. Во однос на другите плати веќе се разговара на Економско-социјалниот совет за општиот колективен договор со којшто исто така ќе се стави ред и конзистентност во исплатата на платите на работниците бидејќи сега имаме различни колективни договори со кои на работници со исто ниво на одговорности во различни области им овозможуваат различно ниво на плати. Или, кај функционерите имате пратеник со плата од 60.000 денари, а има и секретар или секретарка во одредено регулаторно тело со 90.000 денари плата. Сметам дека е тоа неконзистентно – рече Ковачевски.

На прашањето дали до Јавното обвинителство е доставен договорот со Бехтел и Енка, за кој од Владата многу пати беше кажано дека е со степен на тајност, премиерот упати одговорот да се побара од обвинителството или од Јавното претпријатие за патишта кое е надлежно за доставување до обвинителството.

А на прашањето кога ќе можат пратениците да бидат запознати со содржините на договорот Ковачевски рече:

Веднаш штом ќе има известување од Собранието владини претставници ќе го презентираат договорот со Бехтел и Енка пред пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат.

Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски рече дека по барањето што го доставија пратениците го известил претседателот на Собранието дека владиниот тим е подготвен веднаш да го презентира договорот пред собраниското тело што ќе биде определено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…