Се разбуди патриотот во Богоевски? Отварањето на бугарскиот клуб во Битола е ниска и дрска провокација

t

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го коментираше отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Според мене, тоа е ниска и дрска провокација. Не е случаен чекор тоа што бугарскиот врв присуствуваше и го поддржа тоа. Важно е дека случајот е дрска провокација. Таа провокација има цел да се извади на виделина нешто што Бугарија може да го користи како алиби за говор на омраза и за антибугаризам во Македонија. Втората цел е да си обезбедат на одлуките на Судот во Стразбур за почитување на правата на Македонците во Бугарија, рече Богоевски.

Според него, бугарските власти имале цел Македонија да го забрани отворањето или реакцијата да биде толку остра и силна, што тие после може да го користат тоа дека овде има говор на омраза.

-Ова е чекор што ја урнисува целата соработка и напредок постигнат во последните неколку месеци. Се додека зборувате за надминување на историските прашања, а поддржувате вакви клубови, праќате порака на рововско закопување на позиции кои се веќе утврдени и спорни, вели Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…