Се скараа Гаши и Панче Тошковски: Неговото обезбедување со репетиран пиштол било да ја смири ситуацијата!

t

Траги-комично соопштение пред малку објави кабинетот на Африм Гаши со кое директно влезе во кавга со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имено откако МВР поднесе кривични пријави за членовите на обезбедувањето на Гаши пред малку реагираше сообранискиот спикер дека неговото обезбедување присуствувало да го расчисти недоразбирањето со обезбедувањето на Вјоса Османи.

-Кабинетот на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром, како што пренесуваат одредени медиуми.

Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување.

Обезбедувањето на претседателот Гаши, кои се вработени во МВР, интервенирале да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности.

Притоа потенцираме дека секое известување кое го сугерира спротивното е тенденциозно. Исто така ги повикуваме и медиумите кои известуваат за овој настан да ги проверат тие информации пред да објават вакви тврдења и да постапат со професионална и етичка одговорност.

Како што дознава Инфомакс не само што обезбедувањето на Гаши не било таму да ја смири ситуацијата туку барало од припадниците на МВР кој работат на аеродромот да не го почитуваат законот и процедурите, а откако одбиле им вперило пиштол во глава.

Пред малку МВР за нашпиот портал го потврди мега-скандалот на скопскиот аеродром за кој прв во Македонија објави Инфомакс.

-Денеска (01.08.2024) околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши(полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, потврдија од МВР за Инфомакс.

Kaко што претходно објави Инфомакс мега скандал попладнево се случил на меѓународниот аеродром во Скопје при што бил загрозен авио-сообраќајот во Република Македонија, дознава Инфомакс од свои извори.

Имено во инцидентот учествувал шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши кој што го извадил и го репетирал својот пиштол среде преполниот аеродром во пресрет на празниците.

Целиот настан се одвивал во ВИП делот на аеродромот каде пристигнала претсдателката на Република Косово, Вјоса Османи. Имено кога пристигнала Османи која ја користела Македонија за транзит соогласно процедура од обезбедувањето на аеродромот било побарано од неа да ги отвори куферите и да покаже што има во нив. Османи одбила да ја спроведе наредбата обраќаји му се дрско и недолично на обезбедувањето на аеродромот.

Откако Вјоса Османи одбила да ги отвори куферите му се јавила на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши од кого побарала асистенција да помине без да и се направи претрес на багажот. Гаши злоупотребувајќи ја својата положба прифатил да и асистира и испратил членови на своето обезбедување на чело со шефот, Сабедин Синани кои се упатиле кон скопскиот аеродром.

Сабедин Синани и уште неколку членови на обезбедувањето на Гаши пред 10-тици сведоци патници дрско и со навреди се обратил кон обезбедувањето на аеродромот и побарал да помине косовоската претседателка. Откако вработените одбиле да ја пропуштат Османи, Синани го извадил, репетирал и вперил пиштолот во глава на полициското обезбедување на аеродромот.

Набргу потоа неколку полициски автомобили од полициската станица на аеродромот со репетирано оружје пристигнале пред вип влезот на аеродромот и го впериле своето оружје кон Синани.

По кратката заложничка драма оружјето за среќа било спуштено без да има повредени или не дај боже настадани.

Да повториме дека целиот овој настан се одвивал пред 10-тици сведоци, патници и вработени на аеродромот.

Шефот на обебзбедување на Гаши дефакто го загрозил целиот авио сообраќај во државата предизвикувајќи заложничка драма на аеродромот во Скопје со вперување на своето оружје во полициски службеник, а Гаши ја злоупотребил својата положба како претседател на Собранието со своето шерифско однесување. Се поставува прашањето што се обидувала Османи да сокрие од македонската полиција?

Иако Инфомакс испрати прашање до МВР за инцидентот и по три часа нашата редакција се уште нема добиено одговор. Очигледно е дека се работи за обид да се прикрие настанот со цел да се заштити високиот функционер на Влен коалициониот партнер на Мицкоски и претседател на Собранието за кој гласаа сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АА: Власта поттикнува национализам и амнестира тероризам

Алијанса за Албанците во соопштение обвини дека…

Католиците и дел од православните го слават…

Католичките верници и дел од православните христијани,…

(Видео) Се урна патнички авион во Казахстан

Патнички авион на Азербејџан ерлајнс се урна…

Денеска се празнува Свети Спиридон Чудотворец

Место на раѓањето и на службата на…

Метео: Облачно и студено време со засилен…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…