Се случува организирано прикривање на одговорните во Кочани

t

За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците, велат од СДСМ во соопштение.

„Од прв до последен.

Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците.

Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Од што се плаши власта, од што се плаши премиерот Христијан Мицкоски?

Дали главната причина е дека одговорноста води директно до врвот на власта?

Како е можно да нема одговорност кај полициските службеници кои на денот на пожарот биле на позиции и биле задолжени за безбедноста и одговорни за постапувањето на полицијата?

Како е можно надлежните да не одговараат за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 деца го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?

Дали ВМРО-ДПМНЕ е над сите закони во земјава?

Тоа што се партиски членови и блиски до ВМРО-ДПМНЕ или тоа што се блиски до Мицкоски и Тошковски е причината?

СДСМ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде заташкана. Ќе се бориме сè додека не бидат изведени пред лицето на правдата сите одговорни.

За загинатите деца, за нивните семејства и за иднината на оваа држава – мора да има правда за Кочани“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…