„Се спремавме за нејзиниот прв роденден, но се случи катастрофа“: Ранетата мајка ја спаси малата Софија од смрт на Цетиње
Во масакрот на Цетиње, во кој избезумениот убиец Ацо Мартиновиќ уби 12 луѓе, ранета е и Марија Мартиновиќ, која е од селото Вучак кај Смедерево во Србија, омажена во Црна Гора. Марија во последен момент успеала да му избега на убиецот, држејќи ја во рацете нејзината ќерка Софија, која нема ни една година.
Сопругот на Марија, Марко, е еден од близнаците-роднини на убиецот, кои ги загубија животите во масакрот кој ја потресе Црна Гора, но и целиот регион.
-Влезете, видете, ова е нашата Софија Мартиновиќ која во последен момент нејзината ранета мајка Марија ја спаси од прегратките на смртта. Ќерка ми беше тешко ранета во тој крвав пир и се наоѓа на интензивна нега во Подгорица. Бог ќе ни дозволи да се вратиме живи. За жал, ова дете ќе расте без неговиот прекрасен татко Марко, кој беше убиен со неговиот брат-близнак Милош“, вели за „Новости“ Миланка Станојевиќ од Смедерево, мајка на храбрата Марија.
„Се подготвувавме да го прославиме првиот роденден на Софија на 24 јануари, но како што гледате, се случи катастрофа, вели бабата Миланка, која за трагедијата слушнала дома, во Смедерево.
– Ни се јавија соседите и ни кажаа што се случило. Бев во шок. Не знам како успеав да стигнам до Цетиње. Ова е страшно што се случува. Да се убијат толку многу луѓе без причина, меѓу нив и две деца. Очигледно живееме во луди времиња, вели таа.
Полицијата се обидува да утврди што довело до страшното злосторство и кој е мотивот поради кој Мартиновиќ решил по расправијата во кафеаната „Велестово“ да оди да земе оружје и муниција, а потоа повторно да се врати и да убие четворица познаници со кои го поминал денот во малата гостилница во Цетиње.
Тој во кафеаната ги уби Милош Мартиновиќ, Мирко Вулетиќ (45), Радомир Марковиќ (70) и Бранислав Мудреша (60).
Потоа убиецот влегол во автомобилот и се упатил кон куќата на братучедот Мартиновиќ во населбата Хумци, каде што го убил братот-близнак на Милош, Марко и тешко ја ранил неговата сопруга Марија, која успеала да побегне држејќи ја малата Софија во рацете. Бабата Миланка раскажува дека Марија ја држела својата ќерка кога Мартиновиќ влегол во нивната куќа и пукал. Иако ранета, некако успеала да дојде кај првите соседи, семејството Булајиќ, каде што нашла засолниште. Вистинско чудо е тоа што девојчето не е повредено во драматичниот инцидент.
По масакрот извршен на четири локации, разулавениот убиец беше опколен од полицијата, по што се самоуби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Се спремавме за нејзиниот прв роденден, но…
Во масакрот на Цетиње, во кој избезумениот…
Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени…
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо…
Пријател на еден од убиените близнаци во…
Во новогодишниот масакр во Цетиње кој ја…
За соседите монструмот од Цетиње бил мирен…
Монструмот од Цетиње, Александар Мартиновиќ, кој во…
Тридневна жалост во Црна Гора поради убиството…
Во престрелката во Цетиње вчера загинаа 12…