Објавено на:

Се спрема ли заговор против Папата Франциск? Расте незадоволството од претераниот либерализам, толеранцијата на абортусот и хомосексуалноста…

t

Има заговор против папата Франциск, му се подготвува судбината на Бенедикт Шеснаесетти, пишува “Телеграф”.

Конзервативците во Ватикан прават „таен план“ за притисок врз папата Франциск да поднесе оставка, пишува весникот.

Како што е наведено, противниците на поглаварот на Римокатоличката црква не се задоволни од неговиот „прекумерен либерализам“: неговата толеранција кон абортусот и хомосексуалноста, како и воведувањето на нови правила на богослужба на иницијатива на Франциск. Опозицијата на поглаварот на Римокатоличката црква наводно ја предводи поранешниот секретар на неодамна починатиот папа Бенедикт Шеснаесетти, кардиналот Георг Генсвејн.

Според извори на „Телеграф“, еден дел од антипапската коалиција отворено ќе го критикува Францис, а други ќе го притискаат да поднесе оставка, како што тоа го направи Бенедикт Шеснаесетти. Смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти им даде можност на заговорниците да дејствуваат, бидејќи пред тоа смената на актуелниот поглавар на Ватикан беше речиси невозможна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…

За време на неговата прва аудиенција со…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Конклавата за избор на нов папа ќе…

Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…

Зошто се уништува прстенот на папата по…

Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…