Се срами сега Тошковски како до пред една недела? Затвореник пробал да ограби обложувалница
Затвореник од Идризово, кој бил пуштен на викенд-отсуство, вчера се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар.
Според информациите од МВР, тој бил фатен од полицијата вчера околу 17 часот, а се работи за 43-годишник, Д. С. од Гостивар.
„Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувачница на подрачјето на Центар во Скопје“, велат од МВР.
Министерот Тошковски минатата недела имаше изјава дека е срамота тоа што се случува во затворите и дека не може затвореници да прават сообраќајни незгоди.
– „Македонската јавност знае дека некои затвореници, наводно додека биле во затвор, биле и дел од одредени кривично-правни настани надвор од затворот и тоа ќе мора да биде соодветно процесирано. Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, факт е дека она што беше констатирано во текот на минатите денови е така како што е и верувајте ми дека соодветно и навремено ќе реагираме за да го расветлиме и овој кривично-правен настан.
Ова не е управна постапка. Не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајна незгода или да учествува во друга кражба. Тоа е недозволиво. МВР е должно да ги истражи сите овие постапки. Во делот на откривање криминал од ваков размер, апсолутно дека имаме надлежности и ќе постапиме“, рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…