Се сретнаа Османи и Вархеји: ЕК подготвува милијарда евра за справување со енергетската криза на регионот

t

Новиот Извештај на Европската комисија, скринингот, обврските кои ни претстојат до отворањето на фундаменталниот кластер и справувањето со енергетската криза, биле теми на денешната средба на шефот на диполоматијата Бујар Османи со комесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во Берлин на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес.

Како што соопшти МНР, на средбата министерот Османи го поздравил неодамна објавениот Извештај на ЕК за Македонија, со кој се признава реформскиот напредок на земјата, особено во областите опфатени со фундаменталниот кластер и во поглавјето за Надворешна безбедносна и одбранбена политика, каде што сме оценети со највисока оценка „многу добар напредок“, пред се, со оглед на 100-процентното придружување кон позициите на ЕУ во рамки на нејзината надворешна политика.

Министерот го информира еврокомесарот за одвивањето на скрининг процесот, како прва и особено значајна фаза во процесот на преговорите со ЕУ, како и за посветеноста на Македонија за навремено заокружување на истиот во ноември идната година, при тоа фокусирајќи се на внатрешните обврски кои ни претстојат до отворањето на фундаменталниот кластер – се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Османи изразил благодарност за работата на Европската комисија во однос на планот за справување со енергетската криза за сите земји од Западен Балкан, со кој се очекува да се предложат финансиски фондови за адресирање на итните, краткорочни и среднорочни потреби на нашиот регион. Во овој контекст, од страна на Вархеји беше најавен финансиски пакет за регионот, во износ од 1 милијарда евра, за ублажување на ефектите од енергетската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…