Се сретнаа Петков и Мета: Разговарале за бугарското или македонското малцинство во Албанија?
Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Софија имаше средба со претседателот на Албанија Илир Мета, кој е во посета на земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на разговорите станало збор за билатералните односи, регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Петков му посочил на Мета дека има огромен потенцијал за развој на економската соработка заснована на добриот политички дијалог меѓу Софија и Тирана.
Петков и Мета разговарале и за поврзувањето и инфраструктурните проекти на регионот.
Двајцата лидери ја истакнале стратешката важност на Европскиот коридор 8, кој ги поврзува Јадранот и Црното Море.
Бугарскиот премиер ја потврдил поддршката на Софија за подготвеноста на Тирана да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Бугарија е доследна на ставот дека местото на земјите од Западен Балкан е во Европската унија. Во таа насока, премиерот Петков ги истакна напорите на бугарската влада за интензивирање на дијалогот со Северна Македонија и надминување на противречностите.
Кирил Петков му рекол на Илир Мета дека бугарското национално малцинство во Албанија е главен мост на пријателство и фактор за зајакнување на меѓусебната доверба.
Тој ја истакна важноста што Бугарија ја придава на обезбедување можност за бугарското малцинство целосно да го искористи своето право да го изучува својот мајчин јазик во Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…