Се сретна комисијата која Мицкоски требаше да ја укине: Се договарале за заедничко чествување празници со Бугарија

t

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба. Македонската страна ја претстави новата реалност во историското образование во Северна Македонија и ѝ достави на бугарската страна нов учебник по Историја за VII одделение.

„Средбата се одвиваше според традиционален дневен ред, кој вклучуваше дискусија по македонските учебници, евентуални заеднички чествувања и усогласување на записници. По доставувањето на новиот учебник, дискусијата по првата точка стана беспредметна“, соопшти македонскиот тим.

По прашањето за заеднички чествувања, бугарската страна инсистираше на одбележување на одредени историски личности, додека македонскиот тим предложи заедничко одбележување на крајот на Втората светска војна како симбол на победата над злото. Различните позиции останаа непроменети, се додава во соопштението.

На средбата беше потпишан и Записникот од 30. средба од 2024 година, како и усвоена динамиката за работа до крајот на годината. Следната средба е најавена за првата половина на ноември во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се сретна комисијата која Мицкоски требаше да…

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и…

(Видео) Јакимовски: Блиску сме до победа во…

Мице и Соте (алудирајќи на Христијан Мицкоски…

По Општина Аеродром, Град Скопје поднесе кривична…

Откако Општина Аеродром соопшти дека поднела кривична…

Ученик на пракса паднал од 7 метри…

Ученик на пракса во охридска фирма заврши…

Апасиев со тужба до Уставен – Ова…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска до…