Се срушија руски авион и хеликоптер
Авион СУ-34 се урна во рускиот регион во близина на границата, напиша на Твитер Антон Герашченко советник во украинското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи се на руски извори.
Тој претходно објави друго видео на кое, според руски канали на Телеграм, наводно, се гледа пад на уште еден хеликоптер.
Претходно се урна хеликоптер во областа Брјанск во Русија, која се наоѓа веднаш на границата со Украина, јавија руските државни медиуми.
Според руските медиуми, хеликоптерот паднал откако се запалил неговиот мотор.
Во исто време, на социјалните мрежи кружат поинакви верзии за инцидентот. На руските канали на Телеграм е објавено и видео од падот на хеликоптерот. Се тврди дека бил соборен од руската противвоздушна одбрана во пријателски оган.
Информациите не можат да се проверат од независни извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…