Се стабилизираат цените на нафтата на светските пазари
Цените на нафтата денеска се стабилизираа над нивото од 92 долари, попречени од стравувањата дека високата инфлација може да ја ограничи побарувачката и предупредувањето на Меѓународната агенција за енергетика дека економијата може да западне во рецесија.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 23 центи во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 92,22 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена за 52 центи, од 86,75 долари.
По пладне, трговците се фокусираа на податоците на американското Министерство за труд дека потрошувачките цени се зголемиле за 0,4 отсто во септември во однос на август, посилно од очекуваното, што сигнализира зголемени инфлациски притисоци. Во август се зголемени за 0,1 отсто.
„Главниот двигател на цените беа очекувањата за повторени зголемувања на каматните стапки“
Забрзаниот раст на цените ги поттикна стравувањата дека американската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки по четврти пат во ноември за три четвртини од процентниот поен, што би ја забавило економијата.
„Главниот двигател на цените беа (очекувањата за) повторени зголемувања на каматните стапки по објавувањето на извештајот за Индексот на потрошувачките цени (CPI), што ја поттикна загриженоста за побарувачката и го намали апетитот за ризик“, рече аналитичарот на UBS, Џовани Стауново.
Расположението на инвеститорите беше пригушено со предупредувањето на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека минатонеделната одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да ја намалат понудата може да ја турне и онака разнишаната светска економија на работ на рецесија. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Кина и САД ја задржаа цената на…
Цените на нафтата се искачија над 84…
Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…
Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…
(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…
Државен инспектор за животна средина од Одделението…