Објавено на:

Се тестира брзата пруга Нови Сад – Суботица, првиот воз ќе тргне на 25 ноември

t

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, изјави дека во тек се статички испитувања на пругата од Нови Сад до Суботица, по што ќе се извршат динамички тестови и пробни возења, а потоа од 25 ноември ќе сообраќа и првиот патнички воз. Весиќ истакна дека многу се работи на сообраќајната инфраструктура во Србија, и дека брзите железници се најголемиот технолошки пробив и врска со 21 век, објави Политика.

„Железничките проекти кај нас продолжуваат да се редат“, изјави министерот за ТВ Пинк и потсети дека од Белград до Нови Сад се изградени 76 километри брза пруга и дека со пругата Нови Сад – Суботица, која веќе е изградена, има нови 108 километри брза железница. Тој додаде дека распоредот на таа линија ќе биде таков што возовите ќе сообраќаат од пет наутро до 22:00 часот, а меѓу Белград и Суботица ќе пристигнуваат за еден час и десет минути. Весиќ напомена дека сега се вршат статичките испитувања на пругата, а потоа ќе почнат и динамичките тестови кои од 23 септември до 11 октомври ќе ги врши германската компанија „Дојче бан“.

„Тогаш ќе почнат пробните возења кои ќе се изведуваат до 24 ноември, за на 25 ноември да тргне првиот патнички воз на линијата Нови Сад-Суботица“, рече Весиќ.

Според него, оваа брза железница целосно ќе го промени функционирањето на сите градови кои се наоѓаат на нејзината траса и ќе им овозможи на луѓето да живеат на едно место, а да работат на друго место. Тоа ќе овозможи и развој на локални бизниси, туризам и нови инвестиции.

Тој изјави дека последната пруга во Србија е изградена во 1976 година, пругата Белград-Бар, и дека оттогаш до 2012 година не е изграден ниту еден сантиметар пруга, а реконструирани се 31 километри. Тој посочи дека од 2012 до 2023 година се изградени 108 километри нови пруги, а реконструирани се 842,8 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…