Се укинува пролетниот распуст за учениците
Се укинува пролетниот распуст, кој што беше воведен минатата учебна година.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, вели дека укинувањето се должи на барањето на родителите и повозрасните ученици, на кои распустот повеќе им ги комплицирал работите, отколку што им ги олеснувал.
„Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици покажаа дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има. Децата губат континуитет , родителите немаат каде да ги остават помалите дечиња. Не им се поклопува со одредени празници, за да можат заеднички да ги искористат. Сметаат дека е повеќе комликација , отколку поволност“, изјави Јаневска.
Новата учебна година ќе започне на 2. септември – понеделник и ќе трае до 10 јуни , следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се укинува пролетниот распуст за учениците
Се укинува пролетниот распуст, кој што беше…
Приведен маж од тетовско, пронајдена голема количина…
Денеска (08.08.2024) во 07.30 часот во с.Мала…
(Фото) Откриен идентитетот на осомничениот од Македонија,…
Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот…
ЗНМ: Злобно и неетички е да се…
Здружението на новинари на Македонија со чувство…
Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…
Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…