Се урна дел од мостот во Дрезден
Мост делумно се урна во текот на ноќта во Дрезден, источна Германија, соопштија денеска спасувачките служби додавајќи дека нема жртви.
Дел од околу 100 метри од мостот Карола , кој го поврзува историскиот стар град на Дрезден со другите делови на градот, потона во Елба од сè уште непозната причина, соопштија пожарникарите од Дрезден.
Целата зона е блокирана и не е дозволен сообраќај по реката, соопшти полицијата во Дрезден преку Икс. Од жителите беше побарано да не се приближуваат.
Спасувачките служби се на терен и работат на контрола на штетите за да спречат уривање на други делови од мостот, изјави за АФП портпаролот на противпожарната служба Мајкл Кларет.
Делот од мостот кој падна во Елба вклучува трамвајски линии и пешачки сообраќај. Делот од него што го користат возилата не е засегнат.
Од делумното уривање на мостот оштетени се и две грејни цевки, што предизвика прекини во областа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна дел од мостот во Дрезден
Мост делумно се урна во текот на…
Напад со нож во Германија: 6 лица…
Најмалку шест лица се повредени, од кои…
Терористичката ИД ја презеде одговорноста за нападот…
Терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за…
УАПСЕН 15-ГОДИШЕН ОСОМНИЧЕН ЗА ВМЕШАНОСТ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ…
Германската полиција одржа конференција за нападот со…
Подигнато нивото на безбедност во базата на…
Военовоздухопловната база на НАТО во германскиот град…