Се формира совет за унапредување на образованието на чело со Ковачевски: Ќе членуваат Шаќири, Груби, Битиќи…
Министерството за образование и наука согласно направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и наука, ученички и студентски стандард, и обезбедување на учебници во Република Македонија, а во насока на градење на јавни и транспрентни политики во образованието, со поддршка од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката.
На предлог на Министерството за образование и наука Владата денеска ја усвои информацијата за потребата од формирање на Советот, преку кој ќе се овозможи подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација во образованието, зајакнување на системите на евалуација и оценување, реформирање на наставните програми со нивна поголема насоченост кон резултатите од учење, подобра ориентираноста на програмите за стручно образование и обука кон потребите на пазарот на трудот, како и програмите во високото образование да ги отсликуваат потребите на пазарот на трудот.
-Со работата на Советот ќе претседава Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија Артан Груби, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, координација на економските ресори и инвестиции и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука, информираат од Министерството.
„МОН како транспарентна и одговорна институција која создава можности за учество во креирањето на политиките од сите засегнати страни, ќе ги вклучи претставниците од стратешките партнери на Министерството. Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните. Со оваа одлука МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење“, се наведува во соопштението од МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…
Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…
(Видео) Јакимовски: Апелирам ДПМНЕ и нивните соработници…
На ДПМНЕ ништо не им е свето,…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…