Се цепка албанската опозиција: Гаши остана без уште еден пратеник кој ќе формира фракција!

t

Пратеникот и потпретседател на Собранието, Хусни Исмаили, му заврте грб на лидерот на Алтернатива Африм Гаши, откако во Тетово формираше фракција која се одвои од Алтернатива.

Според соопштението, изминативе месеци во повеќето ограноци е одлучено да ги прекинат своите внатрепартиски активности, а синоќа едногласно одлучиле да формираат Координативен совет.

На средбата присуствувале претставници од 13 ограноци, како и претставнички од Форумот на жени и претставници од Младинскиот форум.

За координатор на Советот е избран Исмаили. Освен координатор, Советот едногласно го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир.

По излегувањето на Исмаили, Алтернатива во Собранието остана со двајца пратеници – претседателот Гаши и пратеничката Сафије Садики Шаини.

Претходно партијата ја напушти и пратеникот Скендер Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е…

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците…

Калајџиев: Кој им дава право на политичарите…

Ако влијанијата на политиката врз судството се…

Советник од Левица: Дали Мицкоски забранил исплаќање…

- Откако платите на функционерите беа зголемени…

Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…

Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…

Тpамп: Ако победам, ќе ја сменам амеpиканската…

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат…