Се чека уште Турција да пресече: Унгарскиот парламент поддржа влез на Финска во НАТО!
Унгарскиот парламент на состанокот во понеделникот гласаше за ратификување на членството на Финска во НАТО, според информациите објавени на веб-страницата на унгарското национално собрание.
Приемот на Финска во НАТО го поддржаа 117 пратеници, 40 беа против, а 18 беа воздржани.
Претходно шефот на владејачката фракција Фидес, Мате Кочиш изјави дека унгарскиот парламент на 27 март ќе гласа за членството на Финска во НАТО, а одлуката за членството на Шведска ќе биде донесена подоцна.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека унгарската влада ги поддржува Финска и Шведска да влезат во НАТО, но унгарските парламентарци не се ентузијасти да го ратификуваат протоколот, бидејќи властите на овие земји шират „бесрамни лаги“ за Унгарија. Покрај тоа, според него, непосредната граница меѓу НАТО и Русија би пораснала за 1.000 километри. Во двете скандинавски земји беа испратени делегации од унгарскиот парламент.
Финска и Шведска поднесоа барања до генералниот секретар на НАТО за влез во алијансата. Во моментов само Турција ги нема ратификувано апликациите на Шведска и Финска за НАТО. На почетокот Турција го блокираше процесот на разгледување на овие апликации, но веќе на 29 јуни Турција, Шведска и Финска потпишаа безбедносен меморандум кој ги зема предвид сите грижи на Анкара. На 23 март, Комисијата за надворешна политика на турскиот парламент ја разгледа ратификацијата на протоколот за членство на Финска во НАТО, го усвои и потоа мора да го достави до парламентот на разгледување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…