Се јавија од КАРИЛ: Клиниката не била поплавена, само прокиснало
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување позната како „КАРИЛ“ по невремето во вторник не прима пациенти, бидејќи дел од нејзините простори беа поплавени.
Директорот на Клиниката за трауматологија и на Ургентниот центар, Александар Стојкоски, тврди дека „КАРИЛ“ е делумно во функција бидејќи имало само протекување на вода, а не поплава.
Завчера Министерството за здравство информираше дека поради технички проблеми на одделението за интензивна нега „ТОАРИЛУЦ КАРИЛ“, сите пациенти на кои им е потребна интензивна нега и лекување ќе бидат упатени во јавните здравствени установи, до отстранување на дефектот. Пациенти од Скопје во болниците „8 Септември“ и „Свети Наум Охридски“, пациенти од Источна Македонија во болницата во Штип, од Централна Македонија во Битола, а од западна во Тетово.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големa поплавa во Њу Јорк
Во моментов во Њу Јорк се случува…
Волос и околината повторно под вода
Грчкиот град Волос, како и околните села,…
Југословенски компании ги изградија браните што ја…
Две брани над градот Дарна во источна…
Најнова вест: Полицаецот ранет во грабнувањето на…
Полицаецот кој беше ранет при филмското грабнување…
АСО: Пријавени 349 штети од поплавата во…
Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани…