Се јави Заев: Отворен Балкан треба да биде урнек и за другите земји!
Иницијативата Отворен Балкан треба да биде урнек и за другите земји, бидејќи ја промовира и афирмира довербата како искрена форма за наоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина, изјави поранешниот премиер Зоран Заев на Самитот на спортски новинари на Југоистична Европа „Спортот за државата, државата за спортот“ што се одржа во Струмица.
На овој настан, поранешниот премиер Заев, и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, добија златни плакети за нивниот придонес кон промоција на мирот.
Заев во неговото обраќање истакна дека може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина и напредокот.
-Отворен Балкан е отворена можност за непречена билатерална и мултилатерална соработка на сите можни полиња. Така се гради пријателство, така се оди напред, така се чува и надградува мирот, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајски снег го прекри Балканот
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…
(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…
Првите неколку месеци од оваа година на…
Во сообраќајка во Србија загинаа татко и…
Во сообраќајна несреќа што се случи ноќта…
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…
По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…
Првите општини во Бугарија воведуваат двојни валутни…
Општинските совети во Козлодуј и Криводол станаа…