Објавено на:

Се јави и Груби: Споменикот во Слупчане е обелиск на сите паднати борци

t

Првиот вицепремиер Артан Груби, учествуваше на традиционалната манифестација организирана од Исламската верска заедница, заедно со многу други личности.

„Денеска учествувавме со колеги министри и претседателот Ахмети на традиционалната манифестација организирана од страна на ИВЗ, и во ова прилика би сакал на сите верници да им го честитам големиот празник кој што доаѓа после Рамазанските пости“, изјави Груби за indeks.mk

Запрашан за денешното учество во Слупчане на инаугурацијата на споменикот во чест на ОНА, Груби изјави дека тој е посветен на паднатите борци во војната во 2001 година и дека новата историја по неа треба да биде напишана како модерна историја на државата.

“Денеска беше денот на општината Липково, и по тој повод градоначалникот не покани сите нас, учествувавме на настанот на инаугурација на споменикот кој што беше посветен на сите паднати борци, на сите жртви, од војната во 2001 година и тоа што го кажа господинот Ахмети, мислам дека беше главната порака од денешниот настан, а тоа е дека Новата историја на Република Северна Македонија не може да се пишува без ОНА, односно дека новата историја по 2001-та година мора да ја вклучува таа епизода од модерната историја на Република Северна Македонија”, рече Груби.

Во однос на изјавите како треба да се доживее овој споменик, тој појасни дека нема намера да биде против никого, туку дека тој настан треба да биде означен како историски момент.

“Затоа овој споменик не е за поделба туку е за обединување, и мора така да се доживува од сите граѓани, бидејќи немаше никаква провокација, немаше ниту било каква намера да биде против било кого друг, туку да се одбележи еден историски момент како што е војната од 2001 година. Инаку подготовката за тој споменик е започната години наназад, уште кога градоначалник беше Садула Дураку и ги има поминато сите филтри низ општинските процедури за да биде целосно легитимно”, истакна Груби./indeks.mk/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари горд што успеале да го ослободат…

Министерот за здравство Арбен Таравари го поздрави…

Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница…

Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…

Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој

„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое…

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…