СЗО за Ковид-19: „Се движиме кон цунами“
Истовремената циркулација на делта и омикрон варијантата на коронавирусот води кон „цунами на случаи“, изјавил генералниот директор на СЗО, Гебрејесус.
Тедрос Гебрејесус вели дека делта и омикрон сојот се дупла закана која доведува до негативен рекорд на бројот на случаи, а тоа доведува до пораст на бројот на хоспитализирани и починати лица од Ковид-19.
Тедрос го повторил повикот до земјите еднакво да ги распределат вакцините и предупредил дека нагласувањето на бустер дозите во богатите земји може да ги остави сиромашните нации без вакцини.
Тој изјавил и дека СЗО води кампања секоја земја да постигне цел од 70 отсто вакцинација на жителите до средината на 2022 година, што би помогнало да се заврши акутната фаза на пандемијата.
Објава може да погледнете ТУКА.
Во новогодишната ноќ ќе биде одбележана втората годишнина откако Кина го предупреди СЗО на 27 случаи на „вирусно воспаление на белите дробови“ со непознато потекло во градот Вухан.
Оттогаш се пријавени повеќе од 281 милион заразени луѓе ширум светот со коронавирусот, а повеќе од 5 милиони луѓе починале, според податоците на „Ројтерс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Хаос во цел свет: Откажани се летови,…
Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…
Русија планира да продолжи да ја развива…