СЗО испраќа стручни тимови и авиони со медицинска опрема во Турција и Сирија, расте бројот на жртви
Светската здравствена организација испраќа стручни тимови и авиони со медицинска опрема во Турција и Сирија кои беа погодени од разорните земјотреси.
Организацијата ќе испрати делегација на високо ниво за координирање на помошта и три авиони со медицински материјали, од кои еден е веќе на пат за Истанбул, соопшти шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг.
Според последните податоци, повеќе од 11.700 луѓе загинале во земјотресот, а СЗО проценува дека таа бројка може да достигне 20.000. Илјадници други се повредени, а сирискиот здравствен систем е на колена по години војна во земјата. Претставникот на СЗО во Турција изјави дека во земјата има повеќе од 53.000 повредени и тресењето на земјата се уште трае.
СЗО веќе одобри три милиони долари како почетна помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…