СЗО не успеа да ја оствари целта од 40 отсто вакцинирани во секоја земја

t

Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел до крајот на годината во секоја земја да бидат вакцинирани 40 отсто од населението, а особено се сериозни недостатоците во Африка, за што голем дел од вината им се препишува на богатите земји кои создаваат залихи од вакцините против Ковид-19.

Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта. Ниту 10 отсто од населението не е вакцинирано во околу 40 земји. СЗО голем дел од вината препишува на залихите на вакцини, особено меѓу неколку богати западни земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации.

Досега се употребени повеќе од 8,6 милијарди дози вакцини во светот, но најмногу во побогатите земји кои можат да си обезбедат договори со производителите на вакцини. Десетици земји зависат од залихите на „Ковакс“ – програмата за дистрибуција на вакцини поддржана од ОН, дизајнирана да доставува вакцини во посиромашните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на…

Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави…