СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето, едно лице почина

Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави дека еден пациент починал од првата лабораториски потврдена инфекција со подтип на птичји грип.
СЗО соопшти дека 59-годишниот Мексиканец починал на 24 април откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесува Ројтерс.
„Ова е прв лабораториски потврден човечки случај на инфекција со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни“, се вели во соопштението на СЗО.
Случаи на подтип А(Х5Н2) птичји грип претходно биле пријавени кај живината во Мексико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Одлуката на Трамп го загрозува глобалното…
Одлуката на САД да ја замрзнат странската…
Мелони по стапките на Трамп: И Италија…
Италијанската крајно десничарска партија „Лига“, на вицепремиерот…
За една недела пријавени се 221 случаи…
За една недела, односно од 23 до…
СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на…
Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави…
СЗО предупредува: Овој вирус е страшен
Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…