Објавено на:

СЗО по појавата на мајмунски сипаници: Светот се соочува со „застрашувачки“ предизвици

t

Светот се соочува со „застрашувачки“ предизвици, вклучувајќи ги ковидот,војната во Украина и мајмунските сипаници , предупреди шефот на Светската здравствена организација.

Тедрос Гебрејесус зборуваше во Женева, каде експертите на здравствената агенција на ОН разговараа за појавата на мајмунски сипаници во 15 земји надвор од Африка.

Повеќе од 80 случаи се потврдени во Европа, САД, Канада, Австралија и Израел.Сепак, се вели дека ризикот за пошироката јавност е низок.

Мајмунските сипаници – вирусот кој е најчест во оддалечените делови на централна и западна Африка – нема тенденција лесно да се шири меѓу луѓето и болеста е обично блага.

Според националната здравствена служба на Обединетото кралство, повеќето луѓе кои се заразени со вирусот се опоравуваат за неколку недели.

Избувнувањето ги изненади научниците, а здравствените власти во обединетото кралство издадоа нови совети, велејќи дека високоризичните контакти на случаи треба да се самоизолираат три недели. Белгија стана првата земја што во петокот објави тринеделен карантин за заразените лица денеска се очекува да бидат објавени повеќе потврдени случаи во Велика Британија пишува весникот Гардијан.

СЗО претходно соопшти дека се истражуваат голем број други сомнителни случаи на мајмунски сипаници – без да ги именува вклучените земји – и предупреди дека најверојатно ќе бидат потврдени повеќе инфекции.

Во неделата беа потврдени дополнителни случаи во Австрија и Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…