СЗО предупредува: Подгответе се за нова пандемија!
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите да ги спроведат реформите потребни за да се подготват за следната пандемија.
Тој ги повика и да ја почитуваат претходната заложба за зајакнување на финансирањето на здравствената агенција на Обединетите нации.
Крајот на ковид-19 како глобална здравствена опасност не значи и крај на глобалната здравствена закана, рече тој на годишното здравствено собрание на СЗО.
Тедрос потсети дека пред три недели ставил крај на пандемијата со ковид-19 и дека тоа е момент за олеснување и размислување.
„Охрабрувачки е да се види животот како се враќа во нормала – да можеш да гушкаш пријател, да патуваш и да се среќаваш слободно. Веќе некое време сме заложници на овој вирус, така што како што реков, тоа е олеснување“, рече Тедрос.
Според него тоа не значи дека ковид-19 автоматски престана да биде закана за глобалното здравје.
„Останува опасноста да се појави друга варијанта, која ќе предизвика нови бранови на болести и смрт. Исто така, останува заканата од појава на друг патоген со уште посмртоносен потенцијал“, предупреди Тедрос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на…
Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави…
СЗО предупредува: Овој вирус е страшен
Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…
СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за…
Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека…
Алармантен пораст на случаите на сипаници во…
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…
СЗО ја откажа испораката на помош за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека била…