СЗО размислува да прогласи глобална вонредна состојба поради мајмунските сипаници
Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација повторно размислува дали да го прогласи ширењето на мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба. Африканските власти велат дека веќе ја третираат епидемијата на мајмунски сипаници на нивниот континент како итен случај.
Експерти од други земји проценуваат дека благата форма на болеста во Европа, Америка и пошироко го прави непотребно прогласувањето на глобална криза, пренесува Бета.
Британските власти неодамна ја намалија заканата од мајмунски сипаници, поради отсуство на сериозна болест. Некои научници веруваат дека големата разлика помеѓу болеста во Африка и развиените земји само ќе го отежне секој координиран одговор.
Некои експерти за јавно здравје од Америка проценуваат дека прогласувањето глобална вонредна состојба ќе ја зголеми трката за вакцини, и покрај фактот што болеста е блага во повеќето земји.
Во моментов, во светот има речиси 15.000 регистрирани случаи на инфекција со мајмунска сипаница. Додека Америка, Велика Британија, Канада и други земји набавиле милиони дози вакцини, земјите во Африка, каде што од потешка форма на болеста починале повеќе од 70 луѓе, не можеле да го сторат тоа. Досега немало познати смртни случаи од мајмунски сипаници во развиените земји.
Мајмунските сипаници со децении е ендемична болест во Централна и Западна Африка, каде што заразените животни повремено ја пренесуваат болеста на луѓето во руралните области. Се претпоставува дека ширењето во Европа, Америка и пошироко започнало со сексуални контакти на две забави кои биле во Шпанија и Белгија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на…
Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави…
СЗО предупредува: Овој вирус е страшен
Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…
СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за…
Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека…
Алармантен пораст на случаите на сипаници во…
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…
СЗО ја откажа испораката на помош за…
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека била…